ТОП ДЕСТИНАЦИЈА: Сите сакаат да патуваат во Вухан
Кинескиот град Вухан градот од каде почна пандемијата со коронавирусот е главна туристичка атракција за Кинезите.
Вухан е помеѓу најбараните поими на кинеската социјална мрежа Weibo и тема на повеќе од 25.000 дискусии и 270 милиони прегледи.
Истражување покажува дека Вухан се наоѓа на првото место како дестинација која кинеските туристи сакаат да ја посетат по завршување на корона кризата.
На почетокот на април, заврши карантинот во Вухан, по што луѓето славеа.
Граѓаните споделија совети за другите луѓе во светот за тоа како да издржат во карантин.
фото Википедија
Слично
