Економија, финансии, бизнис

Контакт

ТОП 8: Зимски центри кои секој ски аматер треба да ги посети

ТОП 8: Зимски центри кои секој ски аматер треба да ги посети

Ако сте верен скијач, и оваа година сакате да го смените Банско и Боровец со друга дестинација, не грижете се - такви има доволно. Се разбира, од одморалиште до одморалиште постои разлика. Но ако сонувате зимскиот одмор да биде навистина незаборавен, одберете некое од следниве места.

Ќе ви ги претставиме ТОП 8 најдобрите ски одморалишта во светот:

8. Вос, Норвешка Вос во Норвешка е толку на север што снежната покривка е секогаш загарантирана. Освен тоа ќе можете да им се восхитувате на познатите фјордови кои се гледаат од врвот на планината.

7. Тифиндел, Јужна Африка Посетете го највиокото ски одморалиште во Африка - Тифиндел, кое се наоѓа на 2720 метри надморска височина во Јужна Африка.

6. Риксгрансен, Шведска Риксгрансен во Шведска е најсеверниот ски центар - 125 километри северно од арктичкиот круг. Ќе може да се оди таму, сепак, само меѓу март и јуни, бидејќи во останатото време е премногу студено. Ќе имате единствена можност да скијате скии или борд под полноќното сонце.

5. Стоув, САД Одлучивте да го научите партнерот да скија, но не сакате да го жртвувате сопствено задоволство? Тогаш треба да одите на Источниот брег на САД. Зимскиот Стоув е лоциран на две планини - едната со некои од најстрмните патеки, а другата со некои од најубавите падини за почетници.

4. Аспен, САД Уживајте на 14 квадратни километри скијачки патеки во елитното одморалиште Аспен, Колорадо.

3. Керо Катедрал, Аргентина

За љубителите на силните чувства Керо катедрал во Аргентина ги нуди едни од најопасните патеки во Јужна Америка со вертикални нуркања од 1200 м.

2. Кицбуел, Австрија Ова место е шармантно алпско одморалиште, кое стана едно од најпознатите во светот. Планинските падини нудат милји од скијачки патеки за средно напредни, што го прави Кицбуел одличен избор за парови кои бараат романтичен ски одмор во Европа.

1. Ваил, САД Има причина Ваил во Колорадо да е легендарна ски дестинација. Таму се наоѓа најголемата ски зона во САД - над 21 километри квадратни скијачки патеки. Но не само тие ги привлекуваат скијачите од целиот свет - гратчето Веил е познато со музеите и галериите на уметноста, како и пријатните ресторани.

Слично

Поврзани вести