ТОП 5: Во овие земји има најмногу приврзаници на ИСИС
Во листата на земји со најголем број лица кои се придружиле на Исламската Држава се најде и Балканот.
Босна и Херцеговина се најде на четврто место на светот според бројот на лица кои се придружиле кон терористичката ИСИС, пишуваат британските медиуми кои наведуваат дека оваа година 92 државјани на БИХ се придружиле на терористите.
После нив доаѓа и самопрогласената република Косово со 83 борци.
Пред овие земји се најдоја Јордан, Тунис и Саудиска Арабија.
Од земјите од Европската Унија пак, Белгија е на прво место според бројот на приврзаници кон ИСИС.
Освен по бројот на приврзаници на ИСИС, Босна и Херцеговина се споменува и како место за перење пари и криумчарење со оружје.
Британскиот Дејли Стар пишува дека парите кои се соберат во џамиите Велика Британија, се користат за финансирање на терористи на Исламска држава, а перењето на тие пари се извршува преку сметки во БиХ
