Економија, финансии, бизнис

Контакт

ТОП 5: Овие земји се магнет за инвеститорите-зошто?

ТОП 5: Овие земји се магнет за инвеститорите-зошто?

САД, Кина, Германија, Канада и Франција се петте најпосакуваните држави за инвестиции оваа година, покажува извештајот Global Capital Confidence Barometer од Ernst & Young (EY).

Велика Британија за прв пат од 2009 година наваму веќе не спаѓа во топ 5 на листата и го губи своето место меѓу најатрактивните локации за инвестиции. Извештајот се базира на истражување на 1.700 менаџери во 45 земји до септември 2016 година.

"Брегзит е еден добар пример за растот на геополитичките промени кои ги комплицираат меѓународните инвестиции“, - рече заменик-началникот на консултантските услуги во ЕУ Стив Кроускос.

Тој истакна дека во долгорочна перспектива компанијата очекува враќање на Англија во петте најголеми земји - атрактивни за инвестиции, но „во краткорочност несигурноста им дава на инвеститорите „храна“ за размислување.“

Сепак Кроускос изјави дека Велика Британија „останува силна економија со голем талент, огромна предност и со долга историја на иновации и успех.“


Слично

Поврзани вести