Економија, финансии, бизнис

Контакт

ТОП 5 градови во кои да живеете и работите во 2016 година

ТОП 5 градови во кои да живеете и работите во 2016 година

Кога треба да размислиме за преселување во друг град и држава, обично го земаме предвид населението, инфраструктура, димензии на градот, политички контекст, стандард на живот, можности за развој и др.

Економскиот раст на градот, имотниот пазар и можностите за забава, исто така играат клучна улога кога донесуваме решение.

Еве листа од пет градови кои е добро да ги имате предвид ако сакате да живеете и да инвестирате во странство во 2016 година. Секој од овие градови е импресивен и нуди многу опции за развој.

5. Шангај, Кина

6anhai2

Денеска Шангај е еден од најдобрите градови во кои може да се инвестира. Особено кога станува збор за Источна Азија. Градот е глобален финансиски центар во последниве години. Изобилството на работни места е присутно, бидејќи тука се развива стабилен бизнис со финансии и имот. Добивката е загарантирана на краток и долг рок. Според прогнозите меѓу 2015 и 2030 година приходите во Шангај ќе се зголемат за над 350 милијарди долари - повеќе од оние на Лондон и Токио. Едно од најдобрите места за инвестирање може да биде зоната Киантан, бидејќи државата планира да вложи пари во подобрувањето на градот. Ако имате намера да се преселите тука, вашите деца многу ќе се радуваат - допрва треба да биде изграден парк на Дизни.

4. Дубаи, ОАЕ

Night view of skyscrapers under construction, Dubai, United Arab Emirates

Во Дубаи живеат околу 2,1 милиони луѓе. БДП по глава на жител е 24 866 долари. Според експертите имотниот пазар е во одлична позиција за инвестирање во долг рок. Дубаи нуди ниски даноци за имот - едни од најниските во целиот свет. Покрај тоа тука државата не зема данок од заработеното. Она што го заработите, го ставате во вашиот џеб.

3. Куала Лумпур, Малезија

Kuala Lumpur, Chinatown night market

Главниот град на федерација Малезија е меѓу 25-те најдобри глобализирани градови во целиот свет. Според податоците градот е 6-тата најголема дестинација за странски директни инвестиции во изминатата година. Тоа категорично покажува колку силно е меѓународното влијание тука. Здравствените услуги се меѓу најдобрите во целиот регион. Владата свесно ја одржува во одлична состојба урбаната инфраструктура и природните карактеристики. Токму на овој начин се задржува интересот на туристите кон Куала Лумпур.

2. Јоханесбург, Јужна Африка

Hard Rock Cafe, Nelson Mandela Square, Sandton, Johannesburg, South Africa.

Кејп Таун е најпопуларната туристичка дестинација во Јужна Африка. Јоханесбург е најголемиот град со најдобрите можности за приходи од изнајмување. Градот дава засолниште на малку над 5 милиони луѓе. Го зазема 173-то место во светот по овој индикатор. БДП по глава на жител е 16 370 долари. Образованието и здравството се на завидно ниво.

1. Мумбаи, Индија

Building in horniman circle s. bhagat singh road or mint road, Bombay Mumbai, Maharashtra, India

Мумбаи е финансиската престолнина на Индија. Градот е важен не само како административен центар, а исто така и како политички и економски. Населението на градот се зголемило од 1991 до 2011 година од 9,9 милиони до 12.4 милиони. За да го зголеми порастот на населението и потребата од работа, Владата развива разни важни инфраструктурни проекти. БДП на Мумбаи е 278 милијарди долари до октомври 2015 година (од 2014). По глава на жител се паѓаат по 7 300 долари. Иако платите се конкурентни, домашните помошници се плаќаат исклучително ниско. Можете да имате возач, слугинка и персонален телохранител за минимална сума.

Слично

Поврзани вести