Tоп 40 највредни брендови во спортот
Топ 40 листа со четири категории на највредни брендови објави Форбс.
Спортските брендови Форбс ги рангира врз основа на големината на финансиската премија во однос на ривалите од нивната бранша, како и комбинацијата на неговата големина и профитабилност.
Убедливо највреден бренд во спортот е Најк чија вредност годинава достигна 17,3 милјарди долари и бележи зголемување од минатата година кога вредноста им била 15,9 милјарди долари.
Следена е мрежата ESPN со вредност од 15 милјарди долари годинава која инксира околу 6 милјарди само од кабловските оператори и има највисока месечна претплата од 5,50 долари.
Додека Адидас е трет бренд според Форбс со 7,1 милјарди долари, кој минатата година на Олимпијадата во Лондон облече над 5.000 спортисти и 30 отсто од освојувачите на медали го носеа овој бренд.
На четврто место е Скај Спортс, по него брендот на спортска опрема Under Armour, потоа Рибок, па следуваат телевизиските мрежи YES и NESP, а деветта е MLBAM, компанија која ги има правата од главната безбол лига во САД и десетта е мрежата МСГ која ги пренесува бејзбол натпреаварите на Њујорк Ренџерс.
За највредни спортски тимови се рангирани : на прво место е Реал Мадрид со вредност од 450 милиони долари кој летово направи рекорден трансфер кога за напаѓачот на Тотенхем Џеред Бејл плати вртоглави 135 милиони долари.
Втор е бејзбол тимот Њујорк Јенкис, трет е Манчестер Јунајтед, па Барселона која годинава како спонзор го доби Катар Ервејс кој важи за најголемо спонзорство во фудбалот.
Тајгер Вудс (46 милони) е сеуште на врвот на топ 10 листата на највредни спортисти од едноставна причина што кога тој игра во финалите телевизиските рејтинзи се двојно поголеми. Зад него е тенисерот Роже Федерер кој сеуште инкасира од реклами и што е заштитно лице на Moët & Chandon.
Трет е кошаркарот Леброн Џејмс од Мајами Хит кој важи за најдобар играч во НБА, потоа голферот Фил Микелсон, петти е капитенот на индискиот крикет тим Махендра Синг Џони кој има над 20 спонзори како што е Пепси, Рибок, Галф Оил и други.
Слично
