Топ 10 светски извозници!
И државите исто како и компаниите мора да ги продаваат своите производи за да набават средства за сопствено функционирање.
Во продолжение, видете кои се 10-те земји најголеми извозници во светот...
10. Велика Британија - 479.2 милијарди долари
Велика Британија е 6-та во светот по номинален БДП и 8-ма на куповна моќ. По БДП по глава на жител државата е 22-ра во светот.
Таа извезува претежнохемикалии, храна, тутун и пијалаци. Главни пазари за извоз се Германија (11,6%) и САД (10,6%).
9. Русија - 520.3 милијарди долари
Економијата на Русија е на 8-мо место во светот по номинален БДП. Државата е богата со благородни метали и суровини како нафта, природен гас, јаглен и сл.
Извезува претежно нафта и нафтени деривати, како и метали, дрво, хемикалии, оружје...
Извезува претежно за: Холандија (12,3%), Кина (6.5%), Италија (5.65), Германија (4,6%) и Полска (4,3%).
8. Италија - 524.9 милијарди долари
Економијата на Италија е на 9-то место во светот по номинален БДП. Извезува претежно инженерски производи, автомобили, хемикалии, храна, пијалоци, тутун, минерали.
Главни пазари се Германија (12,6%), Франција (11.57%), САД (5.92%) .
7. Холандија - 550.2 милијарди долари
Земјата ја има 17-та најсилна економија во номинален БДП во светот. Извезува претежно машини и опрема, хемикалии, горива и прехрамбени производи.
Главни пазари се Германија (25.4%), Белгија (13,7%) и Франција (8,9%), Велика Британија (8,8%).
6. Јужна Кореја - 552.8 милијарди долари
Земјата ја има 15-та најголема економија во светот
Извезува претежно техничка опрема, автомобили, компјутери, челик, бродови и хемикалии.
Главни партнери се Кина (24.4% 0, САД (10,1%), Јапонија (7.1%).
5. Франција - 589.7 милијарди долари
Франција е петтата најголема економија во светот по номинален БДП. Извезува претежно производи за земјоделството, хемикалии, пластика, лекови, машини, авиони, железо, челик, пијалоци и електроника.
Извозот е претежно за Германија (15.68%), Италија (8.16%), Шпанија (7,8%), Белгија (7.44%).
4. Јапонија - 787 милијарди долари
Тоа е третата најсилна економија во светот. Извезува претежно автомобили, железо, автомобилски делови, машини.
Главни партнери се Кина (21,5% од извозот), САД (8.9%), Австралија (6,6%), Саудиска Арабија (5.9%), ОАЕ (5%).
3. САД - 1.497 трилиони долари
Економијата на САД е најголема во светот. Извезува претежно индустриски материјали, автомобили и автомобилски делови, храна, пијалоци, горива, нафтени производи, авиони и авионски делови.
Извезува претежно за Канада (18,9%), Мексико (14%), Кина (7.1%), Јапонија (4.5%).
2. Германија - 1.547 трилиони долари
Земјата е 4-та најсилна економија во светот по номинален БДП. Извезува претежно автомобили, машини, хемикалии, компјутери и електроника, храна, текстил и др.
Главни пазари се Франција (9,4%), САД (6.8%), Холандија (6,6%), Велика Британија (6.2%).
1. Кина - 1.904 трилиони долари
Кинеската економија е втората најмоќна во светот. Храната извезува претежно техничка опрема, облека, текстил, железо, медицинска опрема.
Извезува главно за Јапонија (11,2%), Јужна Кореја (9.3%), САД (6.8%), Германија (5,3%).
Слично
