Топ 10 најмрачни сценарија за финансискиот свет
ЕУ паѓа во политички хаос , дефлација на доларот , пад на францускиот пазар - ова се само дел од десетте мрачни финансиски сценарија.
Што би се случило доколку Европската унија се претвори во СССР или пукне нов меур во интернет секторот? Предвидувања за десетте најлоши , но не и невозможни сценарија за финансискиот сектор во 2014 година , претстави германското издание "Ханделсблат".
Сценарио 1 : Данокот на богатство ја претвора ЕУ во новиот СССР.
Економијата на ЕУ не расте и почнува дефлација. Европската комисија се испоставува принудена да дејствува и воведува европски данок на депозитите од над 100 000 евра , за да собере капитал за "борба со кризата " . Довербата во приватната сопственост е загубена, конечна и е направен последниот чекор кон една тоталитарна ЕУ . Граѓаните почнуваат да дејствуваат во советски стил : финансиските средства им се продаваат и како платежни средства се прифаќаат само "телесната стока" како храна и недвижности .
Сценарио 2 : ЕУ паѓа во политички хаос
При изборите за Европскиот парламент заработуваат антиевропските партии . Тие избираат евроскептик за претседател , а европските земји не можат да се обединат за изборот на претседател на Европската комисија . Европа запаѓа во политички и економски хаос.
Сценарио 3 : Пука балонот на " дебелата петорка "
Netflix , Amazon, Twitter , Pandora Media и Yelp се " дебелата петорка " во американскиот информатичко- технолошки сектор , бидејќи берзанската вредност е со до 700 % над пазарната проценка . Овој нов меур во интернет секторот може да пукне и да предизвика нов колапс на берзите .
Сценарио 4 : Јапонија
Заздравувањето на светската економија запира и атрактивноста на акциите се намалува. Инвеститорите ги продаваат ризичните средства и купуваат јени . Курсот долар - јен паѓа под 80 јени за долар ( наспроти околу 103 јени сега ) . Bank of Japan се решава на последен удар и продава државни средства. Едноставен потег со непредвидливи последици. Третата по големина економија во светот станува најголемиот експеримент во глобалната економија .
Сценарио 5 : Дефлација на доларот
САД не успеваат да ја забрзаат својата економија и покрај очекувањата . Покрај тоа во јануари во Конгресот се разигрува трагикомедијата " Како најдобро да биде саботирана економијата" . Новата акција на драмата ги доведува инвеститорите, економијата и корисниците до шок и тогаш економијата сосема се блокира . Инфлацијата се намалува и централната банка треба да бара начини за борба против дефлацијата .
Сценарио 6 : ФЕД не се повлекува , а се меша уште посилно
Паричните инјекции на Управата за федерални резерви ( ФЕД ) ги намалуваат каматите и инвеститорите се почесто прибегнуваат кон ризични инвестиции. Се јавува впечатокот дека економијата на САД се обновува, што е измама . Резиденцијалниот пазар најмногу е извор на грижи и вештачки поддржан . Поради ова Комисијата за отворениот пазар на централната банка ги зголемува купувањата на обврзници на хипотекарниот пазар . Наместо да ги намалат купувањата на обврзници , како што се очекува , ФЕД ја зголемува својата програма до 100 милијарди долари.
Сценарио 7 : Цените на нафтата нагло паѓаат
Новите технологии придонесуваат за силно зголемување на приносот и Саудиска Арабија силно го зголемува производството . На пазарот се појавува обилното снабдување . Цената на нафтата од сортата " Брент " паѓа до 80 долари за барел. Индустријата се соочува со неочекуван предизвик : поевтинување на нафтата.
Сценарио 8 : Германија запаѓа во рецесија
Прогнозите за германската економија се позитивни , но настаните би можеле да се развијат и на друг начин . Покрај очекувањата нагорниот тренд може да запре и Германија да западне во рецесија . Високите реални плати, најскапите рамковни услови за компаниите би можеле да ја пресечат економијата.
Сценарио 9 : Паѓање на францускиот пазар
" Периодите на поскапување на акциите се како партија - треба да внимаваш да не си отидеш последен " . Оваа берзанска мудрост може да си ја спомнат одеднаш сите инвеститори и да забележат дека забавата одамна е готова, дека се упатиле истовремено да ја напуштаат берзата. Токму францускиот главен индекс ќе биде отежнат особено силно , бидејќи француската економија се уште не закрепна . CAC 40 се урива со 40% .
Сценарио 10 : Се крши кршливото
ФЕД го намалува протокот на пари , забавата на финансиските пазари се насочува кон својот крај. Како резултат на тоа, апетитот да ризикуваат на инвеститорите се намалува , што влијае особено силно на земјите со растечки трговски дефицит , кои треба да ја намалат силно вредноста на својата валута во однос на доларот . Такви земји се Бразил , Индија , Јужна Африка , Индонезија и Турција и поради тоа се нарекувани " кревката петорка " . Тие запаѓаат во неволја .
Слично
