Економија, финансии, бизнис

Контакт

ТОЛКУ ОД ПРИМИРЈЕТО: Азербејџанците го гранатираат градот Степанкерт

ТОЛКУ ОД ПРИМИРЈЕТО: Азербејџанците го гранатираат градот Степанкерт

Градот Степанкерт во регионот Нагорно - Карабах ноќеска е гранатиран, првпат од почетокот на прекинот на огнот.

Тасс објави дека во градот се слушнале повеќе од 10 експлозии и сирени за воздушен напад. 

Договорот за прекин на огнот е постигнат вчера во Москва.

Министерството за одбрана на Азербејџан изјави дека вооружените сили на Ерменија го гранатираат градот Тертер на линијата за контакт во Карабах.

Но, портпаролот на ерменското Министерство за одбрана, Шушан Степанјан, ги негираше тврдењата на Баку за гранатирање на Тертер, велејќи дека Азербејџан со оваа дезинформација подготвува терен за нападот врз Степанакерт.

Борбите започнаа на 27 септември. Баку и Ереван се обвинуваат едни со други за избувнувањето на конфликтот. Во Ерменија е прогласена воена состојба и општа мобилизација. Во Азербејџан е воведен полициски час и делумна мобилизација.

Досега се убиени најмалку 400 луѓе. 

Во текот на прекинот на огнот, Баку и Ереван ги разменија телата на убиените. 

Слично

Поврзани вести