Економија, финансии, бизнис

Контакт

Токсичен леб се продава во Италија

Токсичен леб се продава во Италија
Италијанската полиција заплени 3200 килограми најверојатно токсичен леб , кој незаконски се продавал на клиенти и сопственици на ресторани во областа на Неапол , соопштија италијанските медиуми . Дел од лебот бил спакуван така што имал остатоци дрвен материјал кој содржел боја и клинци , што го прави крајниот производ опасен за исхрана на луѓето , соопштија италијанските медиуми. Полицијата затвори 17 илегални пекарници и побара да биде поведена судска постапка против околу 50 лица за нарушување на здравјето и на постапките за безбедност на храната во малопродажба. Во 2008 година истражните органи открија слична шема на отворање нелегални пекари за леб. Запленетиот леб од властите сега очекува да биде предаден на локалната зоолошка градина и општинските засолништа за кучиња.
Слично

Поврзани вести