Економија, финансии, бизнис

Контакт

Токаев по освојувањето на вториот мандат: Се движиме кон нова форма на политички систем

Токаев по освојувањето на вториот мандат: Се движиме кон нова форма на политички систем

Претседателот на Казахстан Касим-Жомарт Токаев обезбеди втор мандат на изборите во недела, освојувајќи 81,31 отсто од гласовите, соопшти денеска Централната изборна комисија, повикувајќи се на прелиминарни податоци.

Токаев во својот говор во својот изборен штаб им се заблагодари на гласачите и најави дека земјата „ќе премине во нова форма на политички систем“ и дека уставните реформи ќе се спроведуваат доследно, без да прецизира за кој систем се работи.

Уставните реформи ќе ги спроведуваме доследно и јасно. Преминуваме кон нова форма на политичкиот систем на државата“, најави Токаев, пренесува Тас.

Тој најави и економски реформи.

„Ќе се потрудиме да го подобриме животниот стандард на луѓето, но за спроведување на овие цели е потребно единство. Затоа ве повикувам да се обединиме“, нагласи Токаев.

Токаев застана на чело на Казахстан во 2019 година, по оставката на тогашниот претседател Нурсултан Назарбаев, а со оваа победа го продолжи мандатот за уште седум години.


Фото: Screenshot

Слично

Поврзани вести