Тојота продала најмногу возила ширум светот
7.41 милиони возила во првите девет месеци продала Компанијата Тојота и со тоа ја задржа водечката позиција по бројот на продадени автомобили ширум светот.
Од Тојота известуваат дека во однос на лани продажбата им се подобрила за 0.1 проценти. Па така успеале да ја задржат водечката позиција и да продадат повеќе автомобили од Џенерал Моторс.
Трети по бројот на продадени возила во светот се Фолксваген со нешто повеќе од седум милиони примероци.
Џенерал Моторс со децении беше лидер според бројот на продадени возила, но во 2008-та Тојота се најде на првото место. Компанијата од Детроит успеа да се врати на врвот во 2011-та година, кога работата во фабриките на Тојота беше отежната поради земјотресите и цунамито, но јапонската компанија многу бргу се опорави и минатата година повторно продаде најмногу автомобили во светот.
Слично
