Тојота повлекува 885.000 возила
Тојота ќе повлече од пазарот 885.000 автомобили како би го решиле проблемот кој може да предизвика истекување на водата од клима уредите.
Во соопштението се вели дека водата може да навлезе во контролниот модул на воздушното перниче и да предизвика откажување или активација.
Тојота наведува дека, во помал број случаи, можат да се почувствуваат и последици од работата на системот за управување.
Моделите опфатени со акцијата се Camry, Camry Hybrid, Avalon, Avalon Hybrid i Venza произведени 2012 и 2013 година.
Околу 847.000 автомобили ќе бидат повлечени од Северна Америка, а остатокот од Европа, Азија и Блискиот Исток.
Портпаролот на Тојота изјави дека компанијата има добиено извештаи за два случаи на полесни повреди поради овој проблем, но немало извештаи за несреќи.
Слично
