Економија, финансии, бизнис

Контакт

Тојота останува на врвот?!?

Тојота останува на врвот?!?
Јапонската автомобилска компанија Тојота соопшти дека во изминатото тромесечие, заклучно со септември, забележала три пати поголем профит во однос на истиот период лани. Како што соопштуваат од компанијата ова е резултат на  нејзиното јакнењето по земјотресот во Јапонија минатата година, а зголемена е и прогнозата на платите за цела година. Во соопштението се наведува дека во остварен е нето профит од 257,9 милијарди јени (3,2 милијарди долари), наспроти 80,4 милијарди јени од истиот период лани. Исто така надмината е и прогнозата на аналитичарите од 238 милијарди јени. Компанијата во меѓувреме се соочува со пад на продажбата во Кина, поради територијалниот спор со Јапонија, а во меѓувреме најави и дека повлекува над 7 милиони возила, од Европа, Сад и Кина,  поради дефект на прозорскиот прекинувач.
Слично

Поврзани вести