Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Тојота“ ќе плаќа отштета до 1,1 милијарда долари во САД

„Тојота“ ќе плаќа отштета до 1,1 милијарда долари во САД
Техничките проблеми на јапонскиот произведувач на автомобили „Тојота“ скапо ќе го чинат. Во САД концернот ќе исплати обештетување до 1,1 милијарда долари.
 „Тојота“ во САД треба да плати до 1,1 милијарди долари отштета поради серија на акции на повлекување на автомобили од сообраќајот. Претпријатието даде зелено светло за спогодбата, која сега мора да биде одобрена од судот. Спогодбата предвидува директни исплати на погодените муштерии. Обештетување треба да добијат и оние сопственици на автомобили, кои поради нарушениот имиџот можеа да ги продадат своите автомобили само по пониска цена. Во периодот меѓу 2009 и 2011 година Тојота повлече во работилниците повеќе од десет милиони возила поради проблеми со педалот за гас и други технички проблеми. Тие доведоа до тоа, концернот да ја загуби водечката позиција на светскиот пазар на автомобили во корист на „Џенерал Моторс“. Сепак годинава „Тојота“ повторно е на светскиот врв.
Слично

Поврзани вести