ТОЈ НЕГИРА СЕ: Свикана голема порота против поранешниот американски претседател-за што ќе се одлучува?
Јавниот обвинител Летиша Џејмс истражува дали организацијата на Трамп лажно ја пријавила вредноста на имотот со цел да обезбеди заеми и да добие економско и даночно олеснување.
Додека Трамп негира дека направил било какво недело, свикана е голема порота.
На поротата како што се пренесува, ќе се разгледуваат доказите кои се соберени за време на истрагата и ќе се одлучува дали против бившиот претседател на САД ќе се покрене обвинение
Ваѓингтон пост пренесува дека одлуката на окружниот правобранител Сајрус Венс да свика голема порота укажува на тоа дека тој има докази дека Трамп или некој близок негова или неговата компанија го извршиле злосторството.
Портпаролот на Венс, Дени Фрост, одби да ги коментира тврдењата на Вашингтон пост, додека од друга страна државното правобранителство на Њујорк пред една недела објави дека отвори кривична истрага за компанијата на Трамп, пренесува Ројтерс.
Јавниот обвинител Летиша Џејмс истражува дали организацијата на Трамп лажно ја пријавила вредноста на имотот со цел да обезбеди заеми и да добие економско и даночно олеснување.
