Економија, финансии, бизнис

Контакт

ТОЈ НАМЕСТО МЕНЕ ОТИДЕ НА ПАТУВАЊЕТО СО „ТИТАН“: Жената чии сопруг и син загинаа во подморницата го откри последниот разговор

ТОЈ НАМЕСТО МЕНЕ ОТИДЕ НА ПАТУВАЊЕТО СО „ТИТАН“: Жената чии сопруг и син загинаа во подморницата го откри последниот разговор

Сопругата на пакистанскиот богаташ, која во имплозијата на „Титан“ ги загуби сопругот и синот, за прв пат проговори за патувањето со подморница кое заврши трагично. Таа откри дека требало да оди со сопругот, а не тој со синот и дека таа и нејзината помала ќерка биле на бродот „Поларниот принц“ кој чекал да излезе на површина, пред да ја дознае страшната вест дека сите патници загинале.

Кристин Давуд, чиј сопруг Шахзада (49) и синот Сулејман (19) загинаа во експлозијата на Титан, зборуваше ексклузивно за Би-Би-Си откако беше откриено дека ниту еден од патниците не ја преживеал експлозијата на подморницата.

Штом бил изгубен контактот со подморницата, Кристин и нејзината ќерка Алина (17) биле свесни дека е започната спасувачка мисија. Додека нејзината ќерка се надеваше дека нејзиниот татко и брат ќе се појават живи и здрави, Кристин „изгуби секаква надеж по 96 часа“.

"Испратив порака до моето семејство на копното, реков дека се подготвуваме за најлошото. Ми недостигаат, многу ми недостигаат", рекла низ солзи.

„Планирав да одам со Шахзад пред неколку години за да го посетам потонатиот брод Титаник. Нашето патување беше откажано поради пандемијата на корона вирусот. Но, потоа се повлеков и му дадов простор на Сулејман“, рече таа.

Мојот сопруг беше возбуден како дете пред патувањето, а пред да влезе само се прегрнавме и малку се пошегувавме, бидејќи Шахзада едвај чекаше да влезе во подморницата“, рече таа.

ФОТО: BBC/Prins Screen

Слично

Поврзани вести