Економија, финансии, бизнис

Контакт

„ТОЈ Е ХИТЛЕР НА 21 ВЕК, МОРА ДА МУ СЕ СУДИ ЗА ГЕНОЦИД“: Турција поднесе тужба против Нетанјаху

„ТОЈ Е ХИТЛЕР НА 21 ВЕК, МОРА ДА МУ СЕ СУДИ ЗА ГЕНОЦИД“: Турција поднесе тужба против Нетанјаху

Турција поднесе тужба против израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху пред Меѓународниот кривичен суд, обвинувајќи го за геноцид во Појасот Газа, изјави на Твитер Метин Кулунк, адвокат на турската владејачка Партија на правдата и развојот.

- Денеска, застапувајќи ја совеста на граѓаните на Република Турција, поднесовме тужба до Меѓународниот кривичен суд во Хаг против Хитлер од 21 век - израелскиот премиер Нетанјаху, кому мора да му се суди за геноцидот што го изврши во појасот Газа и сите злосторства против човештвото – напиша адвокатот.

Адвокатот ја покажа првата страница од тужбата и објасни дека ја доставил заедно со двајца колеги преку турското Министерство за правда, кое документот од 23 страници ќе го проследи до МКС.

Како што нагласи турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, Анкара работи на прогласување на Израел за виновен за воени злосторства. Минатата сабота тој истакна дека Турција повеќе не го смета премиерот Нетанјаху за соговорник.

ФОТО: EPA-EFE/ABIR SULTAN

Слично

Поврзани вести