ТОЈ БЕШЕ „ДЕСНА РАКА“ НА МИЛЈАРДЕРОТ ПЕДОФИЛ-И СОУЧЕСНИКОТ НА ЕПШТАЈН УМРЕ НА ИСТ НАЧИН: Беше затворен поради силување малолетници
Жан-Лук Брунел,
поранешен менаџер на модна агенција и соучесник на педофилот милијардер Џефри
Епштајн, е пронајден мртов во француски затвор.
Според француските медиуми, 74-годишникот синоќа бил пронајден обесен во својата затворска ќелија. Тој бил пронајден околу 1 часот по полноќ за време на ноќна патрола, а лекарите од Брзата помош не успеале да го оживеат, изјави извор од затворот.
Жан-Лук Брунел, кој бил поврзан со сега починатиот американски финансиер Епштајн, осуден за педофилија и мамење малолетници, е осуден во Франција за сексуално вознемирување и силување на малолетници постари од 15 години.
Во декември Французинот беше обвинет за силување малолетници и сексуално вознемирување како дел од истрагата за Епштајн.
Брунел беше уапсен во 2020 година на аеродромот Шарл де Гол додека се подготвуваше за лет за Сенегал.
Тој беше под истрага како дел од големата истрага за наводната сексуална експлоатација на жени и девојки од страна на Епштајн и неговиот круг.
Неколку жени изјавија дека биле жртви и разговарале со полицијата од отворањето на француската истрага во август 2019 година, истиот месец кога Епштајн се обеси во затворот.
ФОТО: YouTube Screenshot