Тоа не се аматери: Кои може да се атентаторите од Париз?
Уште никој не ја презеде одговорноста за нападите во Париз по петочната вечер, во која загинаа - според последните податоци - барем 160 лица, а повредените надминуваат 200. Уште е исклучително рано да се очекуваат некакви изјави од полиција, истражители и обвинителство за виновниците.
Но, според очевидци, како и поради самоубивањето на 7 од осумте напаѓачи, изгледа атентаторите се милитантни муслимани и на прво место помеѓу осомничените излегува организацијата „Исламска држава“ (ИД), раскажува Џејсон Бурк од „Гардијан“. Тој додава дека сликата е надополнета од досегашните напади во Париз или против Французите.
„Исламска држава“
Едно од сценаријата е дека операцијата е организирана и контролирана директно од „Исламска држава“ некаде од Сирија или Ирак. Досега „ИД“ само ги повикуваше своите следбеници низ целиот свет да преземат нешто самостојно. Но после (најверојатно) урнувањето на рускиот патнички авион кон крајот на октомври заканата од „ИД“ расте многу брзо и тоа се вклопува во трендот од последните 18 месеци на засилена активност против цели на исламистите во странство.
Според некои очевидци, напаѓачите зборувале француски биле многу млади - по 20-тина години, но е можно тие да се тим од Франција контролирани од териториите од „ИД“, да бил подготвен и вратен назад. Можно е исто така тимот да е локален и да е внимателно управуван од странство.
Според последните официјални податоци во земјата има барем 520 француски државјани, кои се бореле за „ИД“, како и 250 кои веќе се вратиле во Франција.
Продолжение на „Шарли ебдо“
Второто сценарио ги поврзува петочните напади со тридневната драма од јануари, кој започна со нападот врз редакцијата на „Шарли ебдо“.
Во овој случај станува збор или за ветерани од „Ал Каеда“, или за соработка со клетките на „ИД“. Пред 10 месеци еден од напаѓачите сам се заколнал во верност кон „ИД“, но така и немал директен контакт со организацијата. Другите двајца беа браќа, поврзани со „Ал Каеда“ во Јемен - една од најопасните структури во мрежите на радикалниот ислам, ја презеде одговорноста за „Шарл ебдо“.
Враќање на „Ал Каеда“
Не смее да се заборави дека во моментов има судир помеѓу „Ал Каеда“ и „ИД“ кој да е вистинскиот светски лидер на џихадистите. Ајман ал Завахири, лидерот на „Ал Каеда“ тврди дека „ИД“ а особено нејзиниот лидер ал Багдади, се недостојни да го предводат светскиот марш за создавање на калифат.
По интервенција на Русите во Сирија тој повика на соработка помеѓу двете организации. Но, тоа не значи дека „Ал Каеда“ не бара некој спектакуларен начин да се врати на сцената.
Локална иницијатива
Третото сценарио ја исклучува организација однадвор и допушта акцијата да е целосно акција на локални играчи. Во земјата продолжува да има бројна група од млади, отуѓени од општеството, разочарани и лути муслимани, како и бројни неформални мрежи на екстремисти - како такви, пропагираат за насилство, така и проповедаат политички ислам, кој не поддржува вооружени напади во државата во која живеат . Повеќето од овие мрежи се занимаваат со испраќање на такви млади луѓе на војна во Сирија и Ирак.
Точно дека е има и напади на „единци“, кои се способни ладнокрвно да сеат смрт (како нападите во Тулуз и Монтобан во 2012г. Или во музејот во Брисел), кои првично изгледаа професионално, но потоа се утврдува дека извршителите не биле подготвени подобро.
Организаторите не се аматери
Но слично координиран напад како овој во петокот бара професионално планирање, подготовка, пристап до ресурси и водич кој ја исклучува варијантата со извршување на група аматери.
Случката во Париз потсетува на ист модел кој го користат екстремистите во нападите во 2008г. во Мумбаи. Тогаш беа нападнати хотели, кафулиња, еврејски центар и обични патници во градскиот транспорт.
Можно е изборот на целите во петочната вечер да е цел за испраќање на порака. Тоа се јавни места, кои не се чуваат како амбасадите или владините згради. Дури не се со чувари како музеите, луксузните продавници или најпопуларните туристички објекти. Со исклучок на „Стад де Франс“, сите останати места се обични ресторани и сали во обични, мултиетнички источни области на Париз.
Но и во овој момент не смее да се припишува некаква особена важност на целите - изборот може да е направен, едноставно затоа областа им била добро позната на напаѓачите.
