Економија, финансии, бизнис

Контакт

„ТОА Е НИВНАТА ТАКТИКА НА КУКАВИЦИ И ГУБИТНИЦИ, НО НИЕ СМЕ ПОДГОТВЕНИ“ - Украинците за најновиот голем ракетен напад на Одеса

„ТОА Е НИВНАТА ТАКТИКА НА КУКАВИЦИ И ГУБИТНИЦИ, НО НИЕ СМЕ ПОДГОТВЕНИ“ - Украинците за најновиот голем ракетен напад на Одеса

Утрово Русија изврши голем ракетен напад врз Одеса, пренесува Гардијан. Кабинетот на претседателот Зеленски и шефовите на регионалните администрации ги потврдија нападите врз критичната инфраструктура во Одеса и Днепар.

Официјални лица рекоа дека системи за противвоздушна одбрана работат во Киев и Днепар за соборување на дојдовните проектили. Според неофицијални информации, експлозии се слушаат и во неколку други градови, кои очигледно потекнуваат од системот за противвоздушна одбрана.

Се чини дека ова е уште еден напад врз украинската енергетска инфраструктура. Шефот на кабинетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски, Андриј Јермак, утринава изјави: „Непријателот мисли дека ќе ја ослабне нашата одбрана со удар на енергетската инфраструктура. Тоа е наивна тактика на кукавици и губитници, но ние сме подготвени на тоа“.

„Украина веќе претрпе исклучително тешки удари, кои ги немаа резултатите на кои се надеваа руските кукавици. Нема да успеат, ние ќе ги згазиме“, додаде Јермак.

Украинската агенција Интерфакс јавува, повикувајќи се на украинскиот премиер Денис Шмихал, дека Русија со ударите од утринава ја гаѓа украинската инфраструктура за производство на гас и фабриката за ракети.

Кирило Тимошенко, заменик-шеф на канцеларијата на Зеленски, рече дека неколку експлозии одекнале во центарот на Днепар. Оштетени се два инфраструктурни објекти, а најмалку едно лице е повредено.

Фото: ЕПА

Слично

Поврзани вести