Економија, финансии, бизнис

Контакт

„ТОА Е КАПИТУЛАЦИЈА, УКРАИНА ДА НЕ ПРИФАЌА“: германскиот министер за одбрана тврди 'ваков договор можеа да постигнат пред една година'

„ТОА Е КАПИТУЛАЦИЈА, УКРАИНА ДА НЕ ПРИФАЌА“: германскиот министер за одбрана тврди 'ваков договор можеа да постигнат пред една година'

Борис Писториус, германскиот министер за одбрана, ја предупреди Украина да не се согласува на договор што вклучува големи територијални отстапки во замена за прекин на огнот.

Тој за германскиот јавен сервис АРД изјави дека Киев „не треба да оди толку далеку како најновиот предлог на американскиот претседател“.

Германскиот министер рече дека Украина знае оти можеби ќе мора да се откаже од дел од територијата за да обезбеди прекин на огнот.

- Но, тие сигурно нема да одат толку далеку - или не треба да одат толку далеку - како најновиот предлог на американскиот претседател. Украина можеше да го добие тоа уште пред една година. Ова личи на капитулација. Не гледам никаква додадена вредност во тоа - додаде Писториус.

Американскиот претседател Доналд Трамп минатата недела во интервју за магазинот Тајм изјави дека анектираниот Крим ќе остане под руска контрола како дел од можно мировно решение со Украина

Трамп исто така посочи дека неговиот украински колега Володимир Зеленски е подготвен да го предаде Крим на Русија како дел од мировниот договор, и покрај претходните одбивања на Киев да се согласи со каков било таков предлог.

Извор: Курир.рс

Фото: Принтскрин.Х

Слично

Поврзани вести