Економија, финансии, бизнис

Контакт

Тоа е измислица: Трамп не давал интервју за српско издание

Тоа е измислица: Трамп не давал интервју за српско издание

Изборниот штаб на Доналд Трамп ги демантираше информациите дека републиканскиот кандидат за претседател на САД дал интервју за српското издание „Неделник", пренесе ТАСС, повикувајќи се на списанието „Њусвик".

Трамп никогаш не давал интервју за „Неделник", рече Џејсон Милер од изборниот штаб на милијардерот.

Таму се наведуваше дека Трамп се извини на Србија за бомбардирањето во 1999 година

„Тоа беше измислица и ние очекуваме официјално демант и извинување од сите вмешани"- изјави тој.

„Треба пред се да ви кажам дека бомбардирањето на Србите кои беа наши сојузници и во двете светски војни, беше голема грешка. Србите се многу добри луѓе. За жал администрацијата на Клинтон им нанесе доста зла, како и на целиот Балкан, од кои направија хаос. И пред сум се извинувам на Србите поради САД, особено на Клинтон, политика кон нив. ќе ја подобрат нашите врски со владата во Белград. Доаѓајќи управувањето со земјата, целиот курс на американската надворешна политика ќе биде подобар отколку е сега "- пишуваат српски изданија.

Сепак овие информации ги демантираат. 


Слично

Поврзани вести