Економија, финансии, бизнис

Контакт

ТЛОТО НЕ ПРЕСТАНУВА ДА СЕ ТРЕСЕ: Ноќеска нови земјотреси дрмаа во Италија

ТЛОТО НЕ ПРЕСТАНУВА ДА СЕ ТРЕСЕ: Ноќеска нови земјотреси дрмаа во Италија

Централниот дел на Италија во текот на ноќта го погодија низа нови земјтреси, од ки најсилниот бил со јачина од 4,2 степени по Рихтер, на денот кога Италија обележува Ден на жалоста поради 281 жртва од земјотресот кој истото подрачје го погоди во средата утрото.

Според податоците на американскиот Геолшки завод, најсилен земјотрес изминатата ноќ се случил во 04,50 часот, пренесе АФП.

Многу граѓани кои после силниот земјотрес во средата останаа без домови ноќите ги поминуваат во шатори, додека доброволци се грижат за тоа дали да им обезбедат основни потреби.

Во земјтресот од средата загинаа најмалку 281 лице, додека 387 лица се повредени.

Најмногу жртви има в средновековниот град Аматриче, кој речиси е уништен и во земјотресот загинаа 221 лица на тоа место.

Покрај та, блискиот град Акумли забележал 11 жртви, додека во Арквата дел Тронто, која се наоѓа 16 км северно од Аматриче, загинаа десет лица.

Слично

Поврзани вести