“Tisen Krup” ја продава фабриката во САД
Двата најголеми производители на челик, "Nipon stil" i "Arselor Mital" се се поблуску до купување на една фабрика во САД од германскиот "Tisen Krup". Вредноста на овој договор, како што пренесуваат јапонските медиуми, ќе изнесува две милијарди долари.
Двете компании доставиле заедничка понуда за купување на еден оддел за производство на лим за авто-индустријата во американската сојузна држава Алабама, а нивната основна цел е да ги удвојат заедничките производствени капацитети во САД, пренесува Франс прес.
"Nipon stil" i "Arselor Mital" трошоците за купување ќе ги поделат на еднакви делови, додека деталите од овој договор ќе бидат објавени на почетокот од декември.
Слично
