Економија, финансии, бизнис

Контакт

Тинејџерка силувана од полицаец кој требало да ја заштити

Тинејџерка силувана од полицаец кој требало да ја заштити

Сексуалното насилство во Индија продолжува да ја бранува земјата, а јавноста е згрозена од последниот случај за кој пишуваат медиумите во кое жртвата има само 13 години. Како што пишува Си-Ен-Ен, 13-годишното девојче било силувано од четворица мажи во Индија, но потоа повторно било злоупотребно од полицаец од кого побарала помош за да го пријави првичниот напад.

Властите во Утар Прадеш објавиле дека полицаецот е уапсен во врска со наводниот инцидент, кој предизвика бес во Индија, бидејќи многумина ја обвинија полицијата дека помогнала да се овековечи системската култура на сексуално насилство.

-  Ако полициските станици не се безбедни за жените, тогаш каде ќе одат да се жалат? – напишла на социјалните медиуми Пријанка Ганди Вадра, висок политичар од индиската опозициска Конгресна партија.

Истрагата за наводниот инцидент во полициска станица во областа Лалитпур во државата е во тек. По неговото апсење, полицаецот во центарот на обвинувањата им рече на новинарите дека е невин и повика на независна истрага. На сите дежурни службеници во моментот на наводниот инцидент им е изречена опомена, а против нив ќе бидат преземени мерки доколку бидат прогласени за виновни за какво било кривично дело, информираат од полицијата.

Исто така четворица мажи се уапсени за наводно киднапирање и силување на малолетничката. Тие, наводно, го однеле девојчето во соседната држава, каде што била силувана и задржана четири дена, соопштила полицијата. Во врска со наводниот инцидент е уапсена и една жена, соопшти полицијата.

Иако се најавува обвинение за кршење на индиските закони за заштита на малцинските касти, петмината не се официјално обвинети.

Девојчето припаѓало на индиската заедница Далит, изјави за Си-Ен-Енначалникот на полицијата во Лалитпур, Гиријеш Кумар. Обвинетиот полицаец исто така бил Далит, рече Кумар.

Наводниот инцидент е последен во серијата злосторства од висок профил врз жените и малцинските групи низ Индија. Според податоци од индиското Национално биро за евиденција на криминал, повеќе од 28.000 случаи на сексуален напад врз малолетници биле пријавени во 2020 година.

Слично

Поврзани вести