Економија, финансии, бизнис

Контакт

Тинејџер од Романија ја освои првата награда за иновација во автомобилизмот

Тинејџер од Романија ја освои првата награда за иновација во автомобилизмот
Јонут Будистеану, 19 годишник од Романија ја освои првата награда на овогодинешниот Меѓународен саем за инженерство и природни науки на Интел, со имплементација на вештачка интелигенција во вистински модел на автомобил со ниска цена што самостојно се вози. Јонут истакна дека неговата истражувачка работа се однесува токму на еден од најголемите глобални проблеми. Во 2004та, сообраќајните несреќи предизвикале 2.5 милиони смртни случаи во светот од кои 87% се препишуваат на возачки грешки. Со помош на 3Д радар и камери, Јонут креирал автомобил со способност за детектирање на сообраќајни ленти и кривини, а кој не би чинел повеќе од 4000 долари. Тој ја доби наградата Гордон И. Мур (Gordon E. Moore Award), која изнесува 75 000 долари и е во чест на еден од основачите на Интел, пензиониран претседател и главен извршен директор. Еша Каре, 18 годишник од Саратога, Калифорнија, ја доби наградата за млад научник од Фондацијата на Интел, вредна 50 000 долари. Со големиот замав на преносливата електроника, Еша ја препознава потребата за мемориски уреди со мала потрошувачка на електрична енергија. Таа развила мал уред што може да го собере во батериите на мобилните телефони, овозможувајќи им да се наполнат за 20-30 секунди. Пронајдокот на Еша има потенцијал за вградување во акумулатори на автомобили. Хенри Лин, 17 годишник од Шревепорт, Луизијана исто така ја доби наградата за млад научник од Фондацијата на Интел вредна 50 000 долари. Со симулација на илјадници делови од галаксиите, Хенри и овозможи на науката нови информации за подобро разбирање на мистериите на астрофизичарите: темна маса, темна енергија и рамнотежата на ладење и греење на најголемите објекти во универзумот. „Го поддржуваме Меѓународниот саем на Интел бидејќи знаеме дека математиката и природните науки се клучни за идниот развој,“ изјави Венди Хокинс, извршен директор на фондацијата Интел.  „Овој натпревар поттикнува милиони ученици да ја разбудат инвентивноста и да изнајдат решенија за глобалните предизвици.“ Оваа година, повеќе од 1 600 млади научници беа одбрани да се натпреваруваат на Меѓународниот саем за инженерство на Интел. Тие биле одбрани од 433 слични саеми од 70 земји, региони и територии. Покрај гореспоменатите победници 500 финалисти добија награди и парични надомести за нивната револуционерна работа. Наградите вклучуваат 17 победници „Најдобар во категорија“ кои добија по 5 000 долари. Фондацијата Интел исто така им додели грантови од по 1 000 долари за училиштата од кои доаѓаат победниците, како и саемите кои ги претставуваат.
Слично

Поврзани вести