ТИНЕЈЏЕР ИЗВРШИ СТРАШНО ЗЛОСТОРСТВО: Влегол во училиште и пукал, убил еден ученик со истрел во главата, а тројца тешко повредил (ВИДЕО)
Еден 15-годишен ученик е убиен денеска, а тројца се повредени во пукање во државното училиште Сапопемба во Сао Паоло, јавија бразилските медиуми.
Според воената полиција, средношколец од 1 одделение, облечен во училишна униформа, влегол во зградата и пукал во неколку ученици, пренесува О Глобо.
Откако полицијата пристигнала на местото на настанот, осомничениот се предал и бил уапсен. Притоа, 15-годишен ученик се здобил со повреда на главата и бил пренесен во болница, но им подлегнал на повредите. Повредените ученици биле погодени во градниот кош, клучната коска и десната рака.
На местото на настанот се испратени хеликоптер и повеќе од 20 полициски возила.
ATAQUE EM SÃO PAULO
— @Jopelim (@PrJosiasPereir3) October 23, 2023
Na Zona Leste, ataque a tiros em escola deixa três feridos.
Indivíduo invade escola estadual e atira contra os presentes.
Esta confirmado, três feridos e uma morte em Sapopemba.
O atirador, é ex aluno, foi preso. pic.twitter.com/YmTerSx9Go
Ученикот кој починал се здобил со повреда на главата и бил пренесен во Итната помош, но не преживеал. Останатите тројца биле застрелани во градниот кош, клучната коска и десниот горен екстремитет.
Воената полиција веќе го потврди идентитетот на сторителот на делото. Истиот е пренесен во Институтот за правна медицина, а оттаму ќе биде спроведен во 70-та полициска област.
Според првите информации на некои ученици, пукањето се случило околу 7 часот и 30 минути, во училницата од 1 година од гимназијата, на вториот кат од училиштето.
- Слушнав три истрели и многу луѓе како трчаат, како и луѓе кои лежат на земја. Успеав да трчам и се вратив дома што е можно побрзо - изјави за ГЛОБО средношколецот од трета година.
Гувернерот на Сао Паоло, Тарчицио де Фреитас на своите социјални мрежи ја изрази својата солидарност со семејствата на жртвите од нападот.
- Згрозени сме од уште еден страшен напад врз нашите училишта. Во овој момент приоритет е поддршката на учениците, наставниците и семејствата. Сета моја солидарност со семејствата и сите погодени во оваа тажна епизода – напиша тој.
Um dia após Eduardo Bolsonaro passar vergonha em TV Argentina defender liberação de armas para o povo, aluno entra armado em escola de São Paulo e deixa três feridos.
— Lázaro Rosa (@lazarorosa25) October 23, 2023
Uma pessoa foi presa e outras três ficaram feridas após tiros dentro da Escola Estadual Sapopemba, na Zona… pic.twitter.com/G2egLHNZln
Исто така, на своите мрежи, градоначалникот на Сао Паоло, Рикардо Нунес, жали за оваа епизода.
- За жал ја констатиравме смртта. Моето сочувство до пријателите и семејството во овој момент на болка. Се надевам на брзо закрепнување на повредените кои се префрлени во маалската болница. Полицијата веќе го уапсила напаѓачот. Во контакт сум со државата за да ја пружам потребната поддршка – напиша тој.
Фото: Принтскрин/Твитер