Економија, финансии, бизнис

Контакт

ТИНЕЈЏЕР ИЗВРШИ НАПАД ВО ТРГОВСКИ ЦЕНТАР ВО БАНКОГ: 14-Годишното момче уби три и рани уште четири лица

ТИНЕЈЏЕР ИЗВРШИ НАПАД ВО ТРГОВСКИ ЦЕНТАР ВО БАНКОГ: 14-Годишното момче уби три и рани уште четири лица

Тајландската полиција соопшти дека момче (14) било уапсено по пукање во трговски центар во Бангкок.

Службите за итни случаи соопштија дека најмалку три лица се убиени, а три други се повредени во пукање во трговскиот центар „Сиам Парагон“. Тајландската телевизија PBS јави дека пет лица се ранети.

Полицијата објави и фотографија од апсењето на тинејџерот, а објавено е и видео од безбедносната камера на кое се гледа како се предава.

Локалниот радиодифузер Канал 3 објави дека внатре се слушале пукотници, кои доаѓале од тоалетот во трговскиот центар.

Вооружените напади се вообичаени во Тајланд. Поранешен полицаец уби 22 деца во дневен центар минатата година во напад со пиштол и нож, додека во 2020 година војник застрела и уби најмалку 29 луѓе и рани 57 во дивеење што се прошири на четири локации во источен Тајланд.


Слично

Поврзани вести