Економија, финансии, бизнис

Контакт

Тинејџер планирал терористички напади за „Денот на Анзак“

Тинејџер планирал терористички напади за „Денот на Анзак“

Полицијата уапси момче на возраст од 16 години во Сиднеј, затоа што планирало напади на „Денот на Анзак“ кога се одбележува загинувањето на австралиски војници во Првата светска војна.

Тинејџерот би можел да биде осуден и на доживотна робија. Тој денеска ќе се јави пред суд за малолетници, соопшти полицијата.

„Денот на Анзак“ се слави секоја година на 25 април во Австралија, Нов Зеланд и други пацифички држави.

Toa e годишнината од кампањата на австралиските и новозеландските армиски единици кај Галиполи, наречени Анзак за време на Првата светска војна. Многу австралиски и новозеландски војници учествуваа во судирите и загинаа.  Австралија и Нов Зеланд се единствените земји, кои како национален празник одбележуваат воен неуспех што им се случил во Дарданелскиот поход против Турската империја.

Слично

Поврзани вести