Економија, финансии, бизнис

Контакт

Тинејџер изваден жив од под урнатините во Катманду пет дена по земјотресот

Тинејџер изваден жив од под урнатините во Катманду пет дена по земјотресот

15-годишен тинејџер беше спасен откако преживеал во текот на 5 дена под урнатините на зграда по големиот земјотрес, при што загинаа повеќе од 5500 луѓе во Непал.

Огромна толпа  силно аплаудирала откако спасувачите го извадиле момчето од урнатините во главниот град Катманду. Младичот сега се наоѓа во болница.

Во меѓувреме лошото време ја спречува работата на спасувачите да им помогнат на оние во оддалечените села, изјави портпаролката на владата.

Властите беа остро критикувани поради одговорот на катастрофата.

Пристапноста до патиштата е голем проблем за хуманитарната дејност, како и повеќето патишта до селата се многу погодени од свлечишта и пукнатини.

Секундарните потреси продолжија до среда навечер, иако фреквенцијата и интензитетот беа доста слаби, рече шефот на Националниот сеизмолошки центар. Според него, од саботата имало 102 последователни потреси со магнитуда 4.

Според податоци на полицијата во Непал бројот на загинатите е над 5500. Над 11 400 се повредени. Бројот на жртвите може да надмине 10 000.

Слично

Поврзани вести