Економија, финансии, бизнис

Контакт

Тимошенко на телефонска линија со Меркел – не сака да биде премиер

Тимошенко на телефонска линија со Меркел – не сака да биде премиер
Германскиот канцелар Ангел Меркел и изразила поддршка на украинскиот опозициски лидер Јулија Тимошенко во нивниот денешен телефонски разговор. Меркел го поздравила ослободувањето на Тимошенко и изразила увереност дека нејзиното враќање во украинската политика ќе биде еден од главните фактори за стабилизирање на ситуацијата во Украина. Германската канцеларка, враќањето на Тимошенко во политичкиот живот на Украина оценлиа дека ќе придонесе за зачувување на единството на поранешната советска република и ќе и помогне на патот на европските реформи. За наскоро  најавена е и нивна средба соопшти партијата на Тимошенко „Баткившчина“. Тимошенко денеска остварила телефонски разговор и со еврокомесарот за проширување Штефан Филе, како и со американските сенатори Џон Меккејн, Ричард Дарбин и Крис Марфи. Европската комисија веќе изрази подготвеност да склучи трговска спогодба со Украина, откако ќе се формира новата влада и нагласи дека верува оти таа спогодба е во интерес на двете страни и оти ќе биде потпишана. Еврокомесарот за трговија Карел де Гухт во интервју за британската телевизија Скај њуз изјави дека верува оти Украинците ќе ја потпишат таа спогодба. Поренешната премиерка на Украина, Јулија Тимошенко донела одлука дека нема повторно да стане премиер на Украина, информираа од „Баткившчина“. Најголеми шанси да ја заземе премиерската фунција има лидерот на парламентарната група на „Баткившчина“, Арсениј Јаценјук. Веќе седумдесет и четворица пратеници ја напуштиле фракцијата на Партијата на регионите на Виктор Јанукович во Врховната рада. Со над сто лица таа сепак останува најголема група во украинскиот Парламент, но повеќе нема мнозинство.
Слично

Поврзани вести