Тимошенко имала стотина сметки со милионски суми ?
Лидерката на украинската опозиција Јулија Тимошенко и членовите на нејзиното најблиско семејство наводно поседувале милиони долари на своите десетици банкарски сметки.
Британскиот весник "Independent" објави истрага спроведена од една лондонска адвокатска канцеларија.
Адвокатот на Тимошенко, Сергеј Власенко ги демнатираше пишувањата, тврдејки дека станува збор за голема и валкана пропагандна војна против поранешната премиерка, за која се очекува да се кандидира на претстоечките претседателски избори во Украина, предвидени за во Мај.
"Independent" извршил увид во извештајот на Лоренс Грејем од адвокатската канцеларија за спорведеното истражување, во кое е наведено дека Тимошенко и членовите на нејзиното семејство се поврзани со 278 сметки во 26 земји, од кои 85 во британски банки.
Според истражувањето поголем дел од нив се веќе затворени, а активни останале 13.
Истрагата била отворена минатата година во март, на барање на тогашната влада на претседателот Виктор Јанукович за да се влезе во траг на 200 милиони долари кои наводно незонско ги прибавиле Тимопенкио и Павло Лазаренко, исто така поранешен премиер.
Парите наводно исченале во средината на 90тите, во време кога Тимошенко била на чело на Обединетиот енергетски систем (ОЕС), на кој лазаренко кој бил премиер о тоа време му обезбедил монопол со увозот на руски гас.
Тие обвинувања не се поврани со оние за проневерата за која подоцна Тимошенко беше осудена на затворска казна. Лондонскиот весник наведува дека Лазаренко во 2004 година во САД осуден ан осум години затвор поради перење пари, кражба и незаконско префрлање на пари на сметки во странство, но обвинителството во САД ги отфрлило обвинувањата против Тимошенко поради недостиг на докази.
Власенко ги отфрлил овие информации потенцирајки дека Тимошенко не учествувала во никакви трговски активности откако во 1997 година станала политичарка.
- Тоа се лаги, тоа не е вистина. Таа нема никаков имот, никакви средства, никакви сметки во САД, Велика Британија и Швајцарија, рекол Власенко за весникот.
Според неговите зборови нарачаната истрага е фалсификувана и спонзорирана од Јанукович за дискредитација на Тимошенко.
Слично
