Економија, финансии, бизнис

Контакт

Тилерсон со осуда за Северна Кореја која изврши ракетен тест

Тилерсон со осуда за Северна Кореја која изврши ракетен тест

Американскиот државен секретар,  Рекс Тилерсон го осуди денешниот севернокорејски ракетен тест. 

Тој рече дека е „разочаран и вознемирен“ од фактот што Северна Кореја се почесто врши тестирања на балистички ракети.

„Продолжувањето на овие тестирање се вознемирувачки и ќе се обидеме тие да бидат запрени“- вели Тилерсон за телевизијата Фокс.

На Северна Кореја и порача дека тоа не е фактор кој води кон безбедност. 

Тој најави дека Вашингтон подготвува кампања за економски и дипломатски притисок врз Пјонгјанг, со цел земјата да се откаже од тестирањето на ракети и од развојот на нуклеарна програма.

Северна Кореја денеска изврши ново тестирање на балистичка ракета со среден дострел. Тоа е 11 севернокорејски ракетен тест од почетокот на 2017 година. Минатата година во земјата властите извршија дестина ракетни тестови и две нуклеарни проби. 

Слично

Поврзани вести