Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Тие се посилни отколку што се мислеше“: Мерц остро кон Америка поради војната во Иран

„Тие се посилни отколку што се мислеше“: Мерц остро кон Америка поради војната во Иран

Германскиот канцелар Фридрих Мерц денес изјави дека не гледа каква стратегија имаат САД за да излезат од војната со Иран.

Мерц оцени дека целата американска нација е понижена од иранското раководство, а особено од Иранската револуционерна гарда, објави Ројтерс.

Обраќајќи се пред студентите во Марсберг, во германската сојузна покраина Северна Рајна-Вестфалија, Мерц рече дека Иранците „очигледно преговараат многу вешто“ и дека се „очигледно посилни отколку што се мисли“.

Мерц повика на итен прекин на конфликтот на Иран со САД поради, како што изјави, неговото директно влијание врз германската економија.

Разговорите меѓу Иран и САД во Исламабад, кои САД претходно ги најавија за викендот, не се одржаа откако Техеран одби да учествува во разговорите поради, како што рече, прекумерни барања од Вашингтон за прекин на конфликтот.

Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Аракчи, во саботата им ги предаде барањата на Иран на пакистанските претставници, кои посредуваат во разговорите, за да бидат пренесени на американската страна.


Слично

Поврзани вести