Економија, финансии, бизнис

Контакт

„ТИЕ ИНФОРМАЦИИ НЕ СООДВЕТСТВУВААТ НА ВИСТИНАТА“: Песков проговори за сопругата на Башар ал Асад

„ТИЕ ИНФОРМАЦИИ НЕ СООДВЕТСТВУВААТ НА ВИСТИНАТА“: Песков проговори за сопругата на Башар ал Асад

Коментирајќи ги медиумските извештаи за наводното барање на сопругата на поранешниот сириски претседател Башар ал Асад да и се издаде „специјална дозвола за напуштање на Руската Федерација“, портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков денеска изјави дека тоа не е точно.

„Не, тие информации не соодветствуваат на вистината“, рече Песков одговарајќи на новинарско прашање за наводната желба на сопругата на Асад да се разведе и да ја напушти Русија, како и наводите дека на самиот Асад му е забрането да ја напушти Москва и дека неговата средствата се замрзнати, пренесува РИА.

На 8 декември претставници на вооружената опозиција во Сирија ја зазедоа државната телевизија во Дамаск и објавија дека ја презеле контролата во Сирија.

Сирискиот премиер Мохамад Гази ал Џалали тогаш изјави дека тој и неколку министри останале во земјата и дека воспоставиле контакт со раководството на вооружената опозиција.

Министерството за надворешни работи на Русија претходно соопшти дека сирискиот претседател Башар ал Асад, по преговорите со бројните учесници во конфликтот во кои Русија не учествуваше, одлучил да поднесе оставка од својата функција, да ја напушти земјата и да предаде инструкции за мирен трансфер на власта.

Извор: Телеграф.рс

Слично

Поврзани вести