Економија, финансии, бизнис

Контакт

The Wall Street Journal: СЗО во последните децении помалку се занимава со својата основна мисија, а повеќе со фрлање пари на нападите врз тутунските компании

The Wall Street Journal: СЗО во последните децении помалку се занимава со својата основна мисија, а повеќе со фрлање пари на нападите врз тутунските компании

Целта на одлуката која претседателот Трамп ја донесе во вторникот за стопирање на финансирањето на Светската здравствена организација (СЗО) е да ги предупреди лидерите на оваа организација кои американската поддршка ја сфаќаат здраво за готово, пишува The Wall Street Journal. И додека САД ги испитуваат пропустите кои оваа агенција ги има направено во врска со Ковид-19, Белата куќа има предлог како СЗО да ја врати американската доверба.

“СЗО не ја исполни својата основна должност и за тоа мора да одговара“ , изјавил Трамп, кој финансирањето го стопира на период од 60 до 90 дена. Додаде дека, доколку агенцијата ја работеше својата работа “Илјадници човечки животи би биле спасени, а економската штета која е направена ширум светот би била избегната“. И не претерува кога тоа го вели.

Од почетокот на кризата, официјалните лица на СЗО дозволија политиката да влијае на оние што би требало да бидат непристрасни здравствени препораки. Одлуките да се спротивстават на забраната на летовите и на одложување на “Вонредната здравствена состојба на меѓународно ниво“ беа особено штетни за животите на луѓето. Наместо да бараат поголема транспарентност од Пекинг – кој има доставено сомнителни податоци и ги казни домашните експерти кои ја зборуваа вистината – официјалните лица од СЗО ги повторуваа кинеските ставови.

На светот му е потребна стручна глобална институција која ќе дава непристрасни здравствени препораки и која ќе координира одговор на болеста која ги надминува државните граници. Наместо тоа СЗО во последните децении помалку се занимава со својата основна мисија, а повеќе со фрлање пари на промоција на државното здравство и на нападите врз тутунските компании.

Пандемијата на коронавирусот покажа дека процедурата на оваа агенција за прогласување на вонредна состојба е склона кон политизација, додека нејзина критика на одговорните реакции како оние кои уследија во Тајван, ја поткопува нејзината глобална мисија. Генералниот директор Тедрос Гебрејсус покажа како лесно може да се злоупотреби врвна позиција и Трамповата администрација би требало да инсистира таа улога да се сведе на технократски функции.

Демократите и медиумите го обвинуваат Трамп дека се обидува да го сврти вниманието од грешките кои администрацијата ги има направено во борбата против коронавирусот со тоа што го напаѓа СЗО. Белата куќа има направено големи пропусти но тоа не ја ослободува оваа агенција на Обединети нации од нејзината сопствена одговорност. Може да се критикува претседателот без да се зима СЗО во заштита и нејзиното одобрување на постапките на Комунистичката партија на Кина.

Најлогично прашање сега е дали стопирање на финансирањето сред пандемијата ќе донесе повеќе штета отколку корист. По некои проценки, само околу 15% од буџетот на СЗО се одвојува против пандемијата. Откако д-р. Тедрос минатата недела ги отфрли критиките на Трамп привременото стопирање на финансирањето би можело да ги наведе официјалните лица од СЗО да размислат за своите постапки без загрозување на работата која во моментот се извршува.

Се поставува и прашањето на надлежноста. Претседателот не може засекогаш да го прекине финансирањето на СЗО без поддршката на Конгресот, така што администрацијата ќе мора тесно да соработува со ова тело на строгите ограничувања на идните американски финансирања. Но Белата куќа смета дека може законски да ги пренасочи средствата кои претходно ги има одобрено на СЗО за некоја слична намена.

Уште еден проблем , а тоа е што Кина ќе ја зголеми својата доминација во СЗО доколку САД ја намалат својата финансиска поддршка. Изјавите на СЗО сега најчесто одат во прилог на Пекинг, поради што кинеската пропаганда толку често ги истакнува. Со генералниот директор кој е наклонет кон Кина, кој го критикува Вашингтон и го фали Пекинг како добар модел, какво влијание САД можат да изгубат ?

Во понеделникот, д-р. Тедрос изрази уверување дека Трамп нема да ја спроведе својата финансиска закана во дело. Згрешил, како што тоа го прави од почетокот на оваа болест.
Уште еден услов за продолжение на американската поддршка би требало да биде оставката на генералниот директор.


Слично

Поврзани вести