Економија, финансии, бизнис

Контакт

The Times: Од Сирија, Путин ќе си замине со скршен нос

The Times: Од Сирија, Путин ќе си замине со скршен нос

Британскиот весник „The Times“ пишува дека сириската кампања на Владимир Путин е осудена на неуспех, бидејќи рускиот претседател дал залог на соработката со Иран, а оваа држава извршува различна битка од неговите цели со „Исламска држава“.

Покрај тоа, финансиската страна на прашањето, исто така не е во корист на Русија. „Во најдобар за него случај тој ќе си замине со скршен нос. Во најлош случај Русија во следните 5-10 години нема да може да ги заштити своите интереси на Блискиот Исток, а Путин ќе влезе во историјата не како стратег, туку како авантурист“, пишува весникот.

Според аналитичарите на медиумот, ниту една воена кампања не може да биде успешна без комбинацијата од воздушни и копнени операции. Русија сака да остане во воздух, а на земјата да дејствуваат ирански војници. Засега тоа функционира, бидејќи земјите имаат заедничка цел-зачувување на власт на Башар Асад.

Но понатаму работите се разминуваат-додека Путин сака во Дамаск влада  зависна од Москва па затоа се стреми кон целосно уништување на секоја опозиција, додека Техеран сака поделба на Сирија и доминација на Асад само над алавитите чии претставник е самиот тој.

Финансиските можности на двата сојузници засега се исто така доста различни. Руската воена интервенција доведе до зголемување на испораките на оружје од земји како Катар и Саудиска Арабија за опозицијата во Сирија и се забележува дека таа многу поефикасно ја уништува воената техника на владините трупи.

Парите течат кон противниците на Асад и на Русија, а благајната на Путин се празни постепено. Затоа весникот заклучува: „Путин може да води војна во Сирија, но не може да ја заврши“.

Слично

Поврзани вести