Економија, финансии, бизнис

Контакт

THE NEWYORK TIMES-ВОЈНАТА ВО УКРАИНА НЕМА ДА ЗАВРШИ ДО КРАЈОТ НА 2022: Колку долго ќе помагаме на Украина, прашуваат Американците

THE NEWYORK TIMES-ВОЈНАТА ВО УКРАИНА НЕМА ДА ЗАВРШИ ДО КРАЈОТ НА 2022: Колку долго ќе помагаме на Украина, прашуваат Американците

Во петокот Пентагон најави испраќање на нови прецизно наведувани гранати и повеќе ракетни фрлачи во Украина, но сега се поставува прашањето дали ќе дојде денот кога тој систем ќе почне да успорува?

Можеби многумина првично ја сфатија инвазијата на Украина како руски блицкриг кој би се претворил во дебакл за Москва, но конфликтот сега еволуираше во битка на која не се гледа крај - тоа е натпревар за геополитичка издржливост во кој Владимир Путин се коцка со цел да го надживее и да го победи Западот, пишува Њујорк Тајмс.

Американскиот претседател Џо Бајден вети дека ќе застане на страна на Украина онолку долго колку што е потребно, но ниту тој ниту некој друг не може да каже колку долго тоа навистина ќе потрае. Во одреден момент, признаваат властите, американските и европските резерви на оружје ќе „пресушат“ - да потсетиме, САД одобриле 54 милијарди долари воена и друга помош за Киев, но никој не очекува уште 54 милијарди кога првата спомената сума од парите истекуваат.

Затоа, Бајден и неговиот тим бараат долгорочна стратегија, свесни за стравот од можна ескалација на конфликтот, бидејќи изгледите за мирно решавање на конфликтот не се ни на повидок, а светската јавност веќе почнува да се чувствува уморна од се.

Фактор на замор

- Загрижен сум за факторот на замор на јавноста во голем број земји, пред се поради економските трошоци и фактот што освен војната во Украина, има и други итни проблеми. Јас сум на мислење дека мора да бидеме одлучни и да продолжиме да ја поддржуваме Украина. Не знаеме точно колку долго ќе трае, но знаеме дека исходот за САД ќе биде многу полош ако не продолжиме да ја поддржуваме Украина - рече сенаторот Крис Кунс, демократ од Делавер и близок сојузник на Бајден , кој неодамна учествуваше на состанокот на НАТО во Мадрид.

Иако борбите неодамна беа фокусирани главно на источна и јужна Украина, Белата куќа стравува дека војната лесно може да излезе од контрола. Неодамнешниот ракетен напад врз трговски центар во централна Украина сугерираше дека Москва е без прецизно оружје и сè повеќе се свртува кон помалку софистицирано оружје што може да погоди ненамерни цели - потенцијално дури и преку границата, во НАТО сојузниците како Полска или Романија.

Покрај тоа, американските власти стравуваат дека Путин би можел да прибегне кон тактичко нуклеарно оружје. Покрај сето горенаведено, администрацијата на Бајден заклучува и дека рускиот претседател не се откажал од обидот да го заземе Киев.

- Сметаме дека тој се уште ги има истите политички цели, а тие се сведуваат на преземање на поголемиот дел од Украина - изјави Аврил Хејнс, директорка на американската национална разузнавачка заедница. Нејзините зборови во четвртокот ги потврди и самиот Путин, кој на неодамнешниот прием на руските парламентарци рече дека „сè уште не започнале ништо сериозно“.

- Слушаме дека сакаат да не победат на бојното поле. Нека се обидат - рече Путин, што, додуша, некои руски коментатори, како Андреј Колесников во Комерсант, го протолкуваа како можно „тролање“ на Западот, а не нужно сериозна закана.

Анонимни американски официјални лица ги повикуваат Украинците да ги консолидираат своите сили на фронтот. Но, украинските лидери сакаат да одат подалеку и да започнат контраофанзива за повторно преземање на нивната територија - потег што американските власти го поддржуваат теоретски, дури и ако се сомневаат во способноста на Украинците да ги истераат Русите. Украинскиот претседател Володимир Зеленски минатата недела изјави дека сака војната да заврши до крајот на годината, но во Вашингтон сериозно се сомневаат во тоа и се прашуваат дали е воопшто можно да се постигне тоа на воен план.

Администрацијата на Бајден не сака да врши притисок врз Зеленски и да го принуди да преговара со Кремљ, но официјални лица и аналитичари веруваат дека ќе биде тешко да се одржи истото ниво на материјална поддршка за Украина, бидејќи заморот од војната расте на двете страни на Атлантикот. Воената помош што ја изгласа американскиот Конгрес се очекува да трае до вториот квартал на 2023 година, но прашање е колку може да трае сегашната залиха на оружје и муниција без да се деградира воената готовност на САД.

ФОТО: EPA

Слично

Поврзани вести