Тежок товар врз граѓаните на Кипар
Денеска претседателот на Kипар, Никос Анастасијадис, им порача на граѓаните на својата држава дека ќе мора да го споделат товарот за надминување на финансиската криза.
Договорот кој го постигнавме секако е сложен и тежок, рече Кипар Анастасијадис, но и додаде дека Кипар нема да се повлече од зоната на еврото.
„Ние нема да се повлечеме, повторувам, од зоната на еврото. Доколку постоело некое друго решение, ако некои луѓе размислувале за тоа поинакво решени, тогаш требало тоа да и го понудат на претходната влада или да ни го претстават кога ние дојдовме на власт, за да ја избегнема оваа ситуација. Ние нема да ја загрозиме иднината на земјата со опасни експерименти“, рече Анастасијадис.
Простени еден милион евра на грчките пратеници
Инаку како што денеска грчкиот весник „Катимерини“, во изминатите пет години „простени“ на компаниите и на пратениците им се долгови во износ од милион евра.
Списокот со кипарски компании и политичари, кои имале кредити од милион евра и биле „избришани“ од списоците на должниците на трите кипарски банки, кои се наоѓаат во средиште на банкарската криза на островот, беше предаден на комисијата за етика во Парламентот на земјата, откако беше објавен во грчкиот весник „Етнос“.
Според весникот, Банката на Кипар, Народната банка и Грчката банка им простиле на компании, пратеници и претставници на локалните власти кредити во износ од милиони евра.
Слично
