ТЕСНО ВО САД: Кој влегува во трката за претседател?
На избори во четирите сојузни држави на САД Доналд Трамп и Тед Круз остварија по две победи, додека Берни Сандерс ја победил Хилари Клинтон со 2:1.
Како што се наведува, тоа укажува дека и покрај тоа што Трамп се смета за фаворит и понатаму е неизвесно кој на крај ќе ја освои номинацијата на Републиканската партија на претседателските избори во САД.
Резултатите биле поделени и кога се работи за ривалската Демократска партија, бидејќи на изборите во три држави Берни Сандерс победил во Небраски и Канзас, а Хилари во Лузијана, пренесе АП.
Круз, актуелниот сенатор на Тексас, победил на изборите на Републиканската партија во Канзас и Мејн, оценувајќи го тоа како манифестација на вистински проемени на насоките“, во кои се движи кампањата.
Трамп, кој и понатаму се смета за фаворит за кандидат на републиканците на изборите, остварил победа во Лузијана и Кентаки.
Во трката за републиканските делегати, Трамп вкупно досега собрал гласови од најмалку 375 делагати, а Круз 291. За да би освоила номинација Републиканската партија за претседател, има потрба од вкупно 1237 делегати.
Од друга страна, за номинација на Демократската партија се потребни гласови од 2383 делегати. Клинтон собрала 1117 , а Сандерс 447 гласови, вклучувајќи ги гласовите на суперделегатите, меѓу кои се конгресмени, гувернери на сојзни држави и претставници на партии кои можат да го поддржат кандидатот по свој избор.
Иако трката за номинација на Републиканската партија, по оценката на АП е „во хаос, најистакнатие членови на таа партија бараат било каков начин да ги намалат шансите Трамп да стане кандидат за претседател, па така кандидатите репбуликанци од 2008 и 2012 година, Џон Мекејн и Мит Ромни изразиле надеж дека номинацијата на Трамп би можела да резултира со катастрофални резултати на изборите за претседател во ноември.
Трамп на конференцијата за медиуми во Вест Палм Бич на Флорида се прогласил себе спремен за директна борба со Круз и ги повикал останатите кандидати да се откажат од трката.
-Би сакал да се фатам во стаписа во Тед еден на еден. Тоа би било многу забавно-истакнал американскиот милионер.
