ТЕСЛА ВО ОКЕАНОТ - Случајни минувачи зачудено го гледале автомобилот во вода (Видео)
Тесла во океанот. Станува збор за невообичаена сцена која се случила недалеку од плажата во округот Санта Барбара во Калифорнија во САД.
Станува збор за Tesla Model 3, а електричниот автомобил го откриле припадници на противпожарната бригада Carpinteria-Summerland.
Според американскиот новинар Џон Палминтери, пожарникарите веднаш провериле дали има некој во возилото, а кога утврдиле дека е празно, полицијата покренала истрага за тоа што всушност се случило.
- Проверивме дали автомобилот е пријавен за украден и го известивме регистрираниот сопственик дека е негова одговорност да го отстрани автомобилот. Тие го возеле автомобилот на плажа, а потоа се заглавиле и го оставиле, бидејќи дошла плимата - изјави портпаролката на полицијата во Санта Барбара, Ракел Зик.
Сопственикот сега ќе мора да се соочи со процедурата за вадење на авбомобилот, но и со трошоците за истото, како и казни за загадување на околината.
