Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Теско“: Зголемувањето на глобалната побарувачка ќе ги зголеми и цените на храната

„Теско“: Зголемувањето на глобалната побарувачка ќе ги зголеми и цените на храната
Cе ближи крајот на ерата на евтина храна. Зголемувањето на глобалната побарувачка значи дека ниските цени веќе не се одржливи. Поминаа деновите кога сите “можевме да одиме во Јужна Африка и да бидеме единствени таму”, оценува првиот човек на најголемиот британски ланец на супермаркети „Теско”, Филип Кларк во изјава за „Дејли Меил”. „Поради зголемената побарувачка, храната ќе биде поскапа. Во спротивно, ниските цени ќе влијаат на квалитетот” - вели Кларк Тој рече дека извештајот на ОН кој предупредува на можен пораст на цените на храната за 40 отсто во текот на следните десет години, се должи на се поголемата побарувачката на кинеската и индиската средна класа. Неговата изјава дојде неколку дена откако основниот бренд на „Теско”, флашираната вода, ја зголеми цената за 40 отсто, што наиде на остри критики. „Ние ќе сториме сé за да ја вратиме довербата на нашите купувачи. Теско е голем и погреши, но истото ќе се промени” - рече Кларк.
Слично

Поврзани вести