Тешкото наоружување останува на истокот од Украина
Украинската војска соопштила дека неможе да почне со повлекување на тешкото наоружување од првата линија на фронтот на истокот од земјата, бидејки проруските активисти не престануваат да ги напаѓаат владините сили и покрај постигнатиот договор за прекин на огнот.
Проруските активисти во текот на минатата ноќ двапати ги гранатирале позициите на владините сили, изјавил потпаролот Анатоли Стелмакиј, соопшува Ројтерс.
„Без разлика на тоа дека не престанува гранатирањето на позициите на украинската војска, се'уште неможе да стане збор за повлекување на оружјето“, изјавил потпаролот Владислав Сележњов.
И двете страни во украинскиот конфликт се согласни со повлекувањето на тешкото оружје од линијата на фронтот, кое е во согласност со мировниот договор од минатата недела во Минск, изјави вчера украинскиот генерал Александар Розманзин.
Тој истакнал дека се потпишани документи за почеток на повлекување на тешкото наоружување од првата линија на фронтот и дека е прерано да каже кога ќе почне повлекувањето.
Со мировниот договор од 12 февруари предвидено е да, и двете страни го повлечат тешкото наоружување со тоа што би се создала тампон зона со ширина од 25 до 70 километри.