Економија, финансии, бизнис

Контакт

Тешко се продаваат камионите на Волво

Тешко се продаваат камионите на Волво

Шведскиот производител на камиони „Волво“ соопшти добивка пред оданочување од 660 милиони круни (околу 76 милиони евра) за четвртото тримесечје лани. Во истиот период во 2011 година добивката на компанијата била речиси десет пати поголема - 6.390 милиони круни.

Волво се соочува со проблеми поради намалувањето на нарачките на многу пазари. На рентабилноста исто така влијае и ниската искористеност на капацитетите, како и високите трошоци за истражувања и развој, а само во текот на последното тримесечје 2012 година, Волво отпушти 2.000 лица.

„Сепак очекуваме сукцесивно подобрување на условите на пазарот во текот на 2013 година, напоредно со зголемувањето на економскиот раст во глобални рамки“, велат од компанијата за шведските медиумите.

Генерално гледано, шведскиот гигант за производство на камиони и тешки товарни возила оценува дека ги има задржано пазарните позиции, и покрај присуството на извесни регионални варијации.

Слично

Поврзани вести