ТЕШКО ОБВИНУВАЊЕ: Вашингтон сака да направи втора Украина во Ирак, тврди Иран
Иранскиот заменик министер за надворешни работи за арапски и африкански прашања Хосеин Амир Абодлахијан го обвини Вашингтон дека во Ирак сака да создаде „втора Украина“.
„Тоа што се случува во Ирак од неодамна, јасно е резултат на странско мешање - план од страна на САД. Американците сакаат да создадат уште една Украина во Ирак. Ние сме силно против поделба на Ирак, нагласи Абдолахијан.
Инаку, и САД и Иран се против офанзивата на сунитските екстремисти во Ирак. Според Абдолахијан, Ирак не побарал оружје од Иран за да се брани од екстремистите. Тој наведува дека доколку Багдад побара ќе добие оружје, но оти Иран нема никаква намера да праќа свои војници во Ирак како помош за ирачките владини трупи во борбата против сунитските екстремисти.
„Ние немаме трупи или вооружени сили сега на ирачка територија. Немаме никакви планови да ги испраќаме во Ирак“, нагласи Абдолахијан.
Слично
