Економија, финансии, бизнис

Контакт

ТЕШКО Е ДА СЕ СЛУШААТ ГОВОРАНЦИИ ЗА КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ - по Бајден, и Борис Џонсон заспа на Самитот

ТЕШКО Е ДА СЕ СЛУШААТ ГОВОРАНЦИИ ЗА КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ - по Бајден, и Борис Џонсон заспа на Самитот

Дефинитивно е тешко човек да остане сконцентриран кога треба да слуша говори за климатските промени во светот и за тоа како треба да се спаси планетата земја. 

После американскиот претседател Џо Бајден, и британскиот премиер Борис Џонсон беше „уловен“ преку фотографија како спие за време на една од конференциите на самитот COP26 што се одржува во Глазгов.

Фотографијата набрзо стана вирална на социјалните мрежи. Џонсон е без маска на неа, а тоа предизвика лавина коментари за тоа колку е привилегиран. Исто така, дел од твитерџиите започнаа дискусии дали премиерот е пијан или само уморен. Интересен коментар напишала на Твитер лекарка која забележал дека Џонсон не носи маска.

„Кога седите покрај 95-годишниот Сер Дејвид Атенборо и сè уште не можете да носите маска. Или дури и да останете будни“, изјави таа и во следниот твит потсети дека и самиот британски премиер бил заразен со коронавирусот, поради што бил дури и во болница.

Претходно, американскиот претседател Џозеф Бајден беше снимен како седи со скрстени раце и постепено заспива додека се бореше да ги држи очите отворени.
Фото: Твитер


Слично

Поврзани вести