ТЕШКО Е ДА СЕ КОНТРОЛИРА: Индискиот сој е 40 oтсто позаразен од британскиот
Индискиот е 40 oтсто позаразен од британскиот сој на коронавирусот.
Ова го тврди британскиот министер за здравство Мет Хенкок.
„Ова значи дека поради варијантата делта сега е потешко да се контролира вирусот. Но, најважно е дека по две дози вакцина сме заштитени скоро како и против претходниот сој. Значи, добрата вест е дека вакцината е сè уште подеднакво ефективна“, рече Ханкок.
Научниците претходно проценуваа дека индискиот сој, може да биде помеѓу 30 и 100 отсто позаразен од британскиот сој.
Во Велика Британија е зголемена загриженоста поради овој сој.
Индискиот сој стигна и во Македонија.
Минатата недела кај еден пациент кој е хоспитализиран во приватна болница, е детектирано присуство на „индиски“ сој на вирусот СарсКов2. Според епидемиолошката анкета која ја направила болницата, пацинетот се вратил од Ирак, каде претходно 10 дена бил болен и хоспиталзиран, кога се вратил во земјава, веднаш со посебно санитетско возило бил пренесен во болницата.
Состојбата на пациентот е стабилна.
foto freepik
