ТЕШКО ДОСТИГНУВАЊЕ ЗА СИТЕ ДРУГИ: Американската војска ги покажа борбените авиони на иднината
Воздухопловните сили на САД ги открија плановите за беспилотни борбени авиони кои ќе работат заедно со авиони со екипаж.
Борбените авиони наречени YFQ-42A и YFQ-44A веќе се во фаза на прототип и се развиваат од две воздухопловни компании. Тие ги претставуваат првите модели на новата генерација на беспилотни борбени авиони, кои ќе бидат „клучни“ за идните конфликти.
Целта е овие авиони да дејствуваат како мултипликатор на борбена моќ, а истовремено да го намалат ризикот за пилотите кои ќе управуваат со целата мисија.
Моделот YFQ-42A ќе го произведува американската компанија General Atomics, додека YFQ-44A ќе го развива Anduril Industries.
Двата летала се со големина околу половина од стандардниот борбен авион, но имаат слични перформанси, што им овозможува да работат заедно, пишува Форбс.
