Економија, финансии, бизнис

Контакт

ТЕШКО ДЕКА РУСИТЕ БРЗО ЌЕ ГО ОПКОЛАТ ГРАДОТ - Украинците и натаму ги одбиваат нападите на Бахмут

ТЕШКО ДЕКА РУСИТЕ БРЗО ЌЕ ГО ОПКОЛАТ ГРАДОТ - Украинците и натаму ги одбиваат нападите на Бахмут

Руското напредување „не сугерира дека руските сили наскоро ќе можат да го опколат Бахмут, а уште помалку дека ќе можат да го заземат градот во фронтални напади“, соопшти Институтот за проучување на војната.

Претходно, пак, британското воено разузнавање објави дека украинските сили кои го бранат Бахмут се под зголемен притисок од руските сили, додавајќи дека борбите се интензивираат во и околу градот.

Украина испраќа елитни трупи во областа, додека редовната руска армија и силите на платеничката група Вагнер се туркаат подлабоко во северните предградија на Бахмут, град во источна Украина, објави британското Министерство за одбрана во редовен билтен.

Генералштабот на вооружените сили на Украина објави на Фејсбук во саботата вечерта дека руските војници се обидуваат, но не успеваат да го опколат Бахмут, додавајќи дека бранителите одбиле бројни напади во и околу градот.

Битката трае веќе седум месеци, а руската победа во целосно уништениот град во кој живееле 70.000 жители пред војната ќе биде првиот голем триумф на Москва во скапата зимска офанзива.

Истакнатиот украински воен аналитичар Олех Жданов изјави во саботата вечерта дека не гледа знаци дека Киев ќе нареди повлекување од градот.

„Во моментов ситуацијата е повеќе или помалку стабилна. Кога станува збор за напредувањето на руските сили, ние практично го запревме“, рече тој во интервјуто објавено на Јутјуб.

Британското Министерство за одбрана извести дека две клучни моста во Бахмут биле уништени во последните 36 часа, додавајќи дека Украинците држат сè помалку рути за снабдување.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој го опиша Бахмут како „тврдина“, во саботата преку видео порака им се заблагодари на бранителите во градот, но не даде детали за борбите.

Слично

Поврзани вести